Со помош на оваа алатка, имате можност да направите брза проверка на нивото на енергетска ефикаснот на Вашата компанија односно да проверите колку рационално ја трошите енергијата (електрична енергија или друг вид на енергент кој го користите), споредено со референтната потрошувачка врз основа на оствареното производство и климатските податоци на конкретната локација.
За таа цел во продолжение потребно е да ги внесете бараните податоци (согласно инструкциите), по што алатката креира регресионен модел, кој во зависност од релевантноста дава соодветна прецизност на резултатите.
Алатката содржи кратка серија на податоци, со оглед дека нејзината намена е да се презентираат можностите кои ги пружа регресионата анализа во управувањето со енергијата. Се разбира, моделот е порелевантен доколку се на располагање влезни податоци за подолг период.
За да започнете да ја користите алатката кликнете на копчето "Start".